16:00 - 7 ноември, 2026

(Видео) Прво обраќање на Марија Шерифовиќ откако стана мајка, многу емотивно: „Моето срце прима премногу љубов овие денови…“

Популарната српска пејачка Марија Шерифовиќ со помош на сурогат мајка доби син кој го крсти Марио.

Поп-ѕвездата сега на својот Инстаграм профил објави видео со синот додека го заспива, но и им се заблагодари на сите за убавите зборови и честитки.

„Добри луѓе, добро утро, добар ден, добра вечер, каде и да сте и што и да правите…Бидејќи ова е мое прво обраќање, вака по преку Стори, сакам на сите вас да ви се заблагодарам на убавите пораки! Се е затрупано и преполно со љубов, и верувајте дека тоа може да го почуствуваме. Моето срце на Скорпија прима премногу љубов овие денови, па така мене ми треба време се тоа некаде да го процесуирам, а потоа сум и сигурна дека ќе се има прилика кога за се ова ќе можам многу подолго и посериозно да зборувам. За почеток, сакам на сите бескрајно да се заблагодарам на љубовта која ми ја испраќате – вели Марија, а потоа објасни дека нема да ги откажува веќе закажаните турнеи.

Новопечената мајка покажа и како го запива синот со песната “Time of my life”, пренесува српски Блиц. Инаку не се знае точниот датум кога Марија ќе се врати од Америка со синчето.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....