00:37 - 28 ноември, 2026

Состојбата на Селин Дион е многу лоша, нема контрола над мускулите: „Она што ми го кине срцето е…“

Една година откако ја објави дијагнозата, пејачката Селин Дион веќе не може да контролира одредени движења на телото. Ова го потврди нејзината сестра Клодет Дион.

„Таа нема контрола над нејзините мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за се. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш и велеше: „Ќе го направиш тоа добро, ти ќе го направиш тоа како што треба“, изјави Клодет за 7Jours.

„Вистина е дека и во нашите и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам“, додаде таа.

Потетуваме, на Селин ѝ е дијагностицирана ретка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност, која предизвикува грчеви кои можат да бидат толку силни што дури и ги кршат коските.

„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот секојдневен живот. Понекогаш ми го отежнува одењето и не ми дозволува да ги користам гласните жици за да пеам како што сум навикната“, напиша Дион во објавата на Инстаграм во 2022 година, најавувајќи дека ќе ги одложи датумите на нејзината турнеја.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....