11:44 - 29 ноември, 2026

(Видео) Принцот Хари се трансформираше во Спајдермен со порака за ужалените деца: „Божиќ е време кога навистина ни недостасуваат нашите сакани, но…“

Војводата од Сасекс, принцот Хари се облече како Спајдермен во изненадувачка видео порака за ужалените деца од војната.

Тој го облече костимот на суперхеројот и потоа ја соблече маската, само за да го открие својот вистински идентитет на крајот од специјално снимената порака за младите во Scotty’s Little Soldiers, добротворна организација за децата и младите на паднатите британски војници.

Хари, кој имаше 12 години кога неговата мајка Дијана, принцезата од Велс, почина во 1997 година, им рече на децата:

„Божиќ е време кога навистина, навистина ни недостасуваат нашите сакани и тоа е во ред. Но, во исто време, можеби се чувствувате виновни што се забавувате без вашите родители. Но, јас сум тука да ве уверам дека нашите родители секогаш сакаат да се забавуваме, во ред? Затоа, не се чувствувајте виновни. Може да се забавувате, особено со оваа заедница на мали војници на Скоти. Имајте пријатни празници и среќен Божиќ“.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....