04:57 - 29 ноември, 2026

(Видео) Преубава нова песна од Оливер Драгоевиќ, ќе ве освои „од прва“: Претставена на шестгодишнината од смртта

На шестгодишнината од смртта на неповторливиот Оливер Драгоевиќ, во неговата Вела Лука премиерно беше прикажан спот за новата песна „Вриме је“, во рамки на преносот на концертот „Трага во бескрајот“.

Спотот и песната ги допреа срцата на многумина собрани во Вела Лука и гледачите пред ТВ екраните.

Емотивниот видеоспот „Вриме је“ го потпишува режисерот Тони Мијач, кој откри за Вечерњи лист што го инспирирало за овој визуелен концепт:

„Инспирацијата за концептот на спотот „Вриме је“ ми дојде по само неколку преслушувања на песната и потопување во магичната интерпретација на Оливер, меланхоличен текст и мелодија која создава убав, но и болен впечаток. Кога се размислува за визуелизација на песната, дојдов до идеи за следење на личност која по разделбата и/или губењето на многу блиска личност се навикнува на новата реалност и поминува низ катарзата да биде ослободен од заробеништвото во минатото и да ја најде среќата во сегашноста со убавите спомени што го придружуваат“.

Нежната, емотивна и носталгична песна „Вриме је“, како што се навикнати многубројните фанови на Оливер, доаѓа по големиот хит „Не могу ти речи“ објавен во март, кој го најави албумот „Долазиш“ со дванаесет нови песни на Оливер.  За албумот се собираа материјали и се преслушуваа две години, беа вложени часови во внимателна селекција, потсетување на сите негови коментари и инструкции, за да се направат сите песни со сигурност на негово одобрување.

Во продолжение, слушнете ја прекрасната „Вриме је“.

Вдовицата на Оливер Драгоевиќ отворено за неговото неверство: „Од стрес и нервози завршував во болница“

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....