20:04 - 27 ноември, 2026

(Видео) Премиерот во заминување Борис Џонсон лета со борбен авион во стилот на Топ Ган, и го подига палецот

Премиерот во заминување Борис Џонсон лета низ британското небо во верзија „Топ Ган“.

Снимката, објавена од страна на официјалниот профил на Даунинг стрит 10, го покажува британскиот премиер во заминување овековечен на борбениот авион – ловец Еурофајтер Тајфун на Кралските воздухопловни сили (РАФ).

Неколку недели по завршувањето на мандатот, Џонсон, сепак, не се откажува од сцената и покрај тоа што е во тек трката за лидер на ториевците при која веќе се дефинираа неколку личности.

Така, пред да ја напушти својата фотелја засекогаш, премиерот во заминување ја доживеа возбудата да лета со борбен авион.

На видеото се гледа како лета низ англиското небо, во пилотската кабина, додека го крева палецот нагоре во стилот на Том Круз.

Споредбата со Том Круз во улогата на Топ Ган е само иронична забелешка на корисниците на социјалните мрежи, но очигледно но Џонссон му се допаѓа.

Слични објави

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо
Се вчитува....