22:44 - 7 ноември, 2026

(Видео) Моника Белучи и Тим Бартон вљубени и среќни во јавност: Актерката никогаш вака не блескала!

Актерката и режисерот силно се држеа за раце и изгледаа среќни.

59-годишната италијанска актерка и модел Моника Белучи и 65-годишниот американски режисер Тим Бартон дебитираа на црвениот тепих како пар. Вљубените присуствуваа на премиерата на филмот „Дијаболик, кој си ти?“ на 18. Римски филмски фестивал, каде Белучи ја игра Алтеа ди Валемберг.

Моника изгледаше беспрекорно во тесен темносив долг фустан од кој се надѕираа прерамките на градникот, секако со нагласено деколте, а во рацете држеше мала чанта која одговараше на нејзината облека. Тим избра класичен темен костум.

Двојката се држеа за раце и изгледаа среќни.

Бартон и Белучи тајно се забавуваа неколку месеци, но актерката конечно ја потврди нивната врска во интервју за француски „Ел“ во јуни.

„Што да кажам… Најпрво, мило ми е што го запознав овој човек. Ова е една од оние средби што ретко се случуваат во животот… Го познавам овој човек, го сакам и сега ќе се потудам да го запознаам режисерот, а тоа за мене е почнување на уште една авантура. Го сакам Тим и многу го почитувам Тим Бартон“, рече таа.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....