22:58 - 7 ноември, 2026

(Фото) Северина наместо на судење, ужива во Мароко

Пејачката Северина имала ново судење закажано за вторник во Општинскиот граѓански суд во Загреб. Но, и овој пат не се појавила, а причината можеби е патувањето во Мароко.

Како што јави „24сата.хр“, ова е трето рочиште во судот во Загреб поради тужбата што против неа ја поднесе судијката Луција Ласиќ. Сепак, Северина решила да замине на егзотично патување во Мароко, а за нејзиниот случај се погрижил адвокат.

Северина во февруари го избегна и судењето со сестра ѝ, каде беше констатирано дека не се појавила поради „лоша здравствена состојба“, а во исто време уживала на Малдиви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Инаку, судијката Ласиќ ја тужи Северина за повреда на правата на личноста, а таа бара отштета во износ од нешто помалку од 3.000 евра. Сепак, интересно е што целата постапка е затворена за јавноста.

Како што е познато, неа ја застапува адвокатката Јасминка Билош, која истакна дека не смее да открива детали од судењето.

Хрватските медиуми понатаму јавуваат дека судот донел одлука сослушувањата да се тајни и ниту една страна не смее да дава информации за судењето.

Да потсетиме, Ласиќ ја тужеше Северина уште во февруари 2020 година, за прекршување на личните права, бидејќи Северина во изјава за медиумите ја зема за личен пример, велејќи дека имала слична ситуација со судијката Луција Ласиќ.

Судијката Ласиќ беше во судскиот совет во Сплит кога Северина поднесе жалба на пресудата дека нејзиниот син Александар ќе живее со татко му Милан Поповиќ, со која и се ускратува правото на бројни прашања за одлуките во животот на нејзиниот син.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....