22.8 C
Скопје
18:01 - 30 септември, 2026

(Видео) Лана Дел Реј тајно се омажи за дресер и ловец на алигатори

39-годишната американска пејачка Лана Дел Реј (вистинското име Елизабет Вулриџ Грант) тајно се омажи за 56-годишниот дресер и ловец на алигатори Џереми Дуфрес, пренесува Дејли меил.

Прославата се одржа еден месец откако се појавија информации за романсата на парот. Свадбата се одржа покрај заливот во Де Алемандс, Луизијана, каде што младоженецот на ѕвездата води популарни патувања со мочуришни бродови. Ова е прв брак на уметницата, а втор на ловецот на алигатори, кој инаку има три деца.

Дуфрен и Лана Дел Реј се запознале пред пет години, во март 2019 година, кога пејачката отпатувала во Луизијана пред концерт. Таа нашла и резервирала турнеја со Артурс Ер Боат Турс, каде Дуфрен сè уште работи како туристички водич. Нивната врска не започна веднаш. Пејачката и Дуфрен ја обновиле комуникацијата во мај 2024 година, откако Лана Дел Реј резервирала повторена екскурзија со позната туристичка агенција.

Двојката официјално не ја објави својата романса, но на еден од концертите, изведувајќи ја песната Chemtrails Over the Country Club, пејачката го замени декември со март во лириката на песната, пеејќи „Ти си роден во март а јас сум родена во јуни“, откривајќи им на фановите дека е во врска со некој кој е роден во март. На социјалните мрежи на Дуфрен се наведува дека тој е роден во март.

 

Слични објави

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

„Имам 52 години, приказната е завршена“: Гоца Тржан се откажа од борбата за второ дете

Е.А.

Гога Секулиќ откри што знае за помладиот избраник на Карлеуша: „Прекрасно момче е“

Еспресо

„Сепак ништо од тужбата“: Јелена Радановиќ проговори за скандалот со Ана Николиќ и откри како заврши сè

Е.А.

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо
Се вчитува....