13:08 - 29 ноември, 2026

(Видео) Ким Кардашијан и Ема Робертс шокираа со сочна сцена: „Каква хемија меѓу двете!“

Ким Кардашијан неодамна реши сериозно да се позанимава со глума. Пред снимањето на „Американска хорор приказна“ земала часови по глума, а сега планира да биде продуцент и да глуми во комедијата „The 5th Wheel“.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (43) минатата година ја доби улогата на публицистката Сиобан Корбин во хит серијата „Американска хорор приказна“. Во серијата таа глуми покрај Ема Робертс (33), која го толкува ликот на актерката Ана Викторија Алкот. Првиот дел од 12-та сезона, насловен ‘Delicate’, беше објавен во септември 2023 година, а сега е објавен и трејлерот за вториот дел од сезоната, кој изненади многу фанови на серијата.

Во една од сцените прикажани во трејлерот на сезоната, двете актерки страсно се бакнуваа. „Од што би се откажала за да имаш животот од соништата?“, прашува Кардашијан во сцената, по што Ема одговора: „Сè“. Потоа Ким се наведна кон неа и ја бакнува, што многу обожаватели не го очекуваа ваквиот момент.

Сцената ги изненади и воодушеви обожавателите кои го споделија своето мислење на социјалните мрежи. „Морници ме полазија“, „Ема и Ким имаат одлична хемија“, „Ова ќе биде толку добро“, гласат само дел од коментарите.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....