19:58 - 7 ноември, 2026

(Видео) Ќе ве расплаче: Лозано направи нешто специјално во чест на Драган Каранфиловски-Бојс

Лозано направи нешто специјално во чест и за спомен на познатиот музичар Драган Каранфиловски-Бојс кој почина од канцер на 28 мај во 2015 година.
Бојс, татко на Верица Каранфиловска, некогашната членка на женската група „ХХЛ“ која ја претставуваше Македонија на Евровизија напиша и испеа мнгу хитови, а еден од оние кои ги напиша е „На минус 23“, која ја испеа Трајче Манев.
„На минус 23″ прекрасна балада, во која оригинална изведба е на нашиот незаменлив Трајче Манев.
Со мојата екипа ви подготвивме новогодишен музички мини специјал. Ова е само мал дел од она што ќе го видите утревечер на 31-ви декември во 18 часот на телевизија Телма! Уживајте!
А најважното – се гледаме на 7 март во арената „Борис Трајковски“, напиша Лозано на Фејсбук.
Фото / Фејсбук
„Валерија“, „Опасно сум вљубен во тебе“, „Ајде лулај ме нежно“, „Бели нарциси“ се само неколку бесмртни хитови од над 400 песни, од кои дури 250 се заштитени на големата музичка ѕвезда од Битола Драган Каранфиловски-Бојс, објави во една прилика „Сакам да кажам“.
Токму на неговиот живот и творештво беше посветено 10. издание на музичката манифестација„Незаборав“, чиј автор и продуцент е битолчанецот Панде Димитровски во 2020 година. Преку овој настан една деценија се негуваат спомените за музичките легенди на Битола.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....