14:44 - 7 ноември, 2026

(Видео) Кајли Џенер ја покажа вилата од 36 милиони: Клавир среде соба, а појма нема од свирење

Минатиот викенд Кајли Џенер објави видео на ТикТок во кое покажува како изгледа нејзината палата, но реакцијата на фановите беа поделени, а повеќето беа разочарани.

Вилата, која се наоѓа во елитниот кварт на Лос Анџелес Хомби Хилс, вреди 36 милиони долари, пишува списанието „Дрт“. Се состои од седум спални соби, а на имотот има два апартмани за гости и сместување за луѓето од обезбедувањето.

Вилата е опремена со барови, теретана, домашно кино, базен и игротеки, но на разочарување на обожавателите, ријалити ѕвездата само покажа како изгледа нејзината дневна соба.

@kyliejenner

Replying to @habibi

♬ original sound – Kylie Jenner

Иако Кајли на почетокот на видеото ги извести фановите дека нема да им ја покаже целата палата, многумина останаа разочарани, а не недостигаа и забавни, шеговити коментари, а и критики.

„Девојко, сврти ја камерата“, „Се чувствувам како да сме на FaceTime“, „Само покажи ни ја куќата“, се дел од коментарите на нејзиното видео кое е прегледано повеќе од 20 милиони пати.

Сепак, и покрај кратката снимка, Кајли откри дека ја сака својата дневна просторија најмногу поради „прекрасните свеилки“ и дека летово има намера да почне да учи да свири пијано – што претставува некакво објаснување на збунувачкиот детал – клавир среде соба а нема појма од свирење.

 

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....