9.8 C
Скопје
08:25 - 28 септември, 2026

(Видео) Јелена Карлеуша го нападна Јаков Јозиновиќ: Тоа е „будалаштина“ и шизофренија

Јелена Карлеуша остро го нападна успехот на Јаков Јозиновиќ нарекувајќи го „будалаштина и шизофренија“. Фолк-ѕвездата во едно ТВ гостување во Белград го кажа своето мислење за младиот пејач од хрватска кој многумина го нарекуваат феномен откако полни сали насекаде низ регионот.

„Па, јас гледам на тоа како една ‘будалаштина’ и шизофренија. Некој да ги собере сите мои најголеми хитови, не мои, од сите најголеми ѕвезди да ги собере сите најголеми хитови без некој да праша, без некому да плати, без да добие каква било дозвола, да направи концерт, да им наплати билети на луѓето за туѓа работа, да испее и да се пофали со голем успех. Тоа е тогаш караоке забава, тоа е тогаш трибјут, тоа можеме да го наречеме со некаков трибјут на некои најголеми ѕвезди и најголеми хитови.

Но, тоа е како јас сега да сум дизајнер и да земам гардероба од најдобрите дизајнерски парчиња од Баленсијага, Версаче, Жан Пол Готје и така натаму, да ставам сè во една ревија и да кажам: ‘Погледнете ја мојата колекција, погледнете каква сум јас дизајнерка, ова е мојата колекција’. Сите би ми се смееле“, рече Јечена Карлеуша и додаде:

„Тоа е апсолутно исто како и кога некој млад пејач ќе ги собере најголемите хитови кои пејачите прво ги нашле, ги испеале, ги промовирале, вложиле многу во тоа и од тоа направиле големи хитови во своите кариери, во своите појавувања, и некој тоа да го земе и да го собере без да праша, без да плати. Луѓе, тоа е потполна ‘будалаштина’. Јас ве молам и вас од оваа страна, медиумите нели, и луѓето кои доаѓаат на тие концерти, да ги почитуваат пејачите, да ги почитуваат ѕвездите кои ги направиле тие големи хитови. Едноставно, во ред, можеби ти пееш некој евергрин од луѓе кои можеби веќе не се живи, но од друга страна, не може целиот твој концерт да бидат туѓи песни“, изјави Јелена Карлеуша. 

Јозиновиќ има 20 години и во моментов е еден од најпопуларните пејачи во целиот регион. Тој распродаде шест концерти во Белград, во „Сава центар“ кои ќе се одржат во март и во април, а ќе пее и во Скопје, во салата „Јане Сандански“ на 9 април.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....