23.8 C
Скопје
14:51 - 12 септември, 2026

(ВИДЕО) ИЗГЛЕДАЈТЕ КАКО СУПЕРМОДЕЛ: Карли Клос со иструкции за вежбање

Карли Клос ужива да поминува време надвор и е активна секогаш кога ќе ѝ се укаже прилика. Трчање, пешачење, одење во теретана, како и часови по јога се само дел од активностите на кои таа редовно се посветува. Таа претпочита да работи на тонирање на мускулите, бидејќи ѝ се допаѓа нивната дефиниција.

Во видеото што следи, Карли докажува дека не ви е потребна простор или опрема за витко тело, како што се тегови, справи и теретана, туку само 10 минути за 10 кардио вежби дома

„Plank walk-out“

Оваа вежба се изведува во позиција на штица. Првиот чекор: кога ќе ја заземете положбата на штицата, свиткајте ја едната нога и турнете ја со коленото кон лактот на спротивната рака и повторете го истото движење со другата нога. Чекор два: Повлечете ги рацете наназад, сè до нозете, подигнете ги малку нагоре и истегнете ги рацете добро над главата.

„Lunge twist“

Оваа вежба започнува и во положба на штица, од која првиот чекор е да ставите една нога на надворешната страна на истата рака. Чекор два: Полека истегнете ја раката (до ногата) над главата. И потоа повторете го со другата нога и рака, наизменично.

„Burpee reach“

Заземате позиција на штица отскокнувајќи на прстите, а кога ќе ги спуштите нозете, приближете ги рацете и направете скок во височина. Вратете се во положбата на штицата повторно со потскокнување на вашите прсти.

„Squat hop“

Првиот чекор во оваа вежба е да ги раширите нозете во потскок и да направите половина клекни-стани. Во вториот чекор на клекни-стани, соберете ги нозете и скокнете двапати кратко, а потоа вратете се на клекни-стани со раширени нозе.

„Plank-to-push“

Чекор еден: Заземете позиција на штица. Раширете ги нозете на ниво на рамената. Втор чекор: Држете ги дланките на подлогата, а потоа наизменично спуштајте ја едната и другата рака свиткана до лактот.

„Forearm jacks“

Вежбата исто така започнува со положба на штица, со рацете свиткани во лактот и на тој начин држејќи се за подлогата. Втор чекор: раширете ги нозете и соберете ги една кон друга во текот на целата вежба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss)

„Curtsy hop“

Вежбата започнува со исчекор од едната нога, додека другата ја виткате до крај, во положба на полу-клекни-стани. Вториот чекор: кренете ја ногата што е зад вас напред високо, во свиткана положба, додека скокате што е можно повисоко со другата нога што е на земја. Потоа сменете ги нозете и сторете го истото.

„Mountain climbers“

Вежба која започнува повторно од позиција на висока штица, каде што ги држите рацете на подлогата и ги држите нозете блиску една до друга. Втор чекор: свиткајте ги нозете наизменично и турнете ги колената колку што е можно понапред кон вашите раце.

„Side plank twist“

Вежбата започнува со положбата на штицата настрана, каде што се држите на свиткана рака до лактот, додека ја повлекувате другата рака зад градите, потоа вратете ја назад и кренете ја високо над главата. Повторете ја вежбата 20 секунди од едната страна, потоа уште 20 секунди од другата страна на телото.

„Bicycles“

Добро старо возење велосипед. Прв чекор: легнете на грб и ставете ги двете раце зад вашата глава. Втор чекор: допрете ги лактите до колената на спротивната нога – наизменично.

Секоја од овие вежби се прави 45 секунди.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо
Се вчитува....