13.8 C
Скопје
12:43 - 25 април, 2024

ИСКРЕНО СО ИРЕНА НИКОЛОВСКА РИСТАНОВСКА: Голготата трае со години, соседите ни се закануваат по живот зашто моето дете има аутизам!

А правна завршница нема, ниту во обвинителството, ниту по приватна тужба.

– Трауми кои ќе ги паметам додека да заминам на оној свет: Соседите ни се закануваат дека ќе не убијат, зашто моето дете има аутизам!

Ирена Николовска Ристовска од Битола е мајка на две деца, од кои синот Лука е лице со аутизам.

Освен нивната секојдневна лична борба, семејството води битки и на друго поле – со нивните соседи, на кои присуството на нивниот син во станбената зграда во која живеат им претставува проблем и причина за бројни тревожења, пријави во полиција, тужби, влечење по судови и закани по живот.

Како е да се биде родител на дете со атутизам?

– Да се биде родител на дете со аутистичен спектар на нарушување  е континуиран процес на  предизвици. Дополнително  хроничната  болест хидронефроза трет степен на десен и мултициатична дисплазија (целосна нефункционалност на лев бубрег, н.з) кај нашиот син Лука прави  родителството да е  поодговорно, подоследно истовремено бескрајно многу искуствено .

приватна архива

Кога му беше поставена дијагнозата на Лука?

– Логопетски , дефектолошки и психолошки  третмани започнати навремено на само три годишна возраст, додека пак поставена дијагноза на неполни четири .Токму таа превентива на прифаќање на состојбата и погледнување на сегашноста и се што истата носи во очи е ,,главниот виновник” на развојниот позитивен напредок на Лука.

Колку како општество сме подготвени да ги прифатиме поразличните од нас?

– Нашето општество е  или крајно ниско свесно или сосема спротивно висока свесно и емпатично. Секојдневно се соочуваме со луѓе и институции кои едноставно не го прифаќаат различното и непознатото, како нашите соседи и судскиот спор кој трае две и пол години, и наспроти нив личности кои умеат да бидат безрезервна морална поддршка без истото да биде директно побарано од нив .

Во целост, за жал, не сме целосно едуцирани колективно како општество. Секој кој има желба да се едуцира доволно е да ја прелиста концепцијата за инклузивно образование, во истата ги има одговорите на сите прашања.

Колку луѓето можат да бидат сурови?

– Повеќе од што можеме да претпоставиме. Како психолог често умеам да се ставам на нивно место и да ја оправдам таа одлика, таа  особина и да знаам од каде истата доаѓа. Тоа се често неисполнети, нереализирани личности со многубројни емотивни празнини. Научив од никого ништо да не очекувам, затоа што очекувањата постојат за да не разочараат. Но научив и неуморно да се борам кога некој го разнишува балансот на нашиот и така неквалитетен  квалитет на живот.

Овие деца и лица се значително многу: маргинализирани, дискриминирани и доста често исклучени од општеството. Нивните потенцијали се во голема мера занемарени, но со образовните реформи силно верувам овие деца постепено ќе го пронајдат своето загарантирано право за место под сонцето.

Како е Лука сега?

– Лука оваа  година во целост го има достигнато својот максимум. Свесен, воспитан, разумен и одговорен во извршување на секојдневните обврски. До денес во училиште беше без присуство на образовен асистент и со  безрезервна  поддршка на новата наставничка Лука успеа да се види себеси во една поинаква самостојна улога за која не знаевме дека има капацитет да ја усвои се додека не се соочивме. Најголема потешкотија е неговата хиперсензитивност на одредени звучни фрекфенции кои постепено со соодветни методи и техники сите учиме како да ги минимизираме.

Која е твојата порака?

– Мојата порака до сите е: Да се обидеме сите поединечно да го пронајдеме детето во нас. Она дете кое исплашено чека да биде пронајдено и прегрнато. Да си простиме и да се сакаме себеси. Само така можеме да бидеме личност во вистинска смисла на зборот за себе  и околината.

ФОТОГРАФИИ – Прватна архива

Слични објави

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо
Се вчитува....