22:20 - 29 ноември, 2026

(Видео) Исплива забранетиот спот на Лепа Брена: Градник и раскопчана војничка униформа, пее во касарна опкружена со војници

Лепа Брена во 1990-тите сними секси спот, со поддршка на познатиот српски мејкап артист Дејан Милиќевиќ, но за жал, како што се појави спотот – така и исчезна.

На раководството на тогашната Југословенска армија, спотот на Брена не им се допаднал и затоа бил забранет да се емитува на телевизија.

Станува збор за екранизирана верзија на песната „Љубав је“ од 1996 година.

„Никогаш нема да ми биде јасно зошто Југословенската армија се срамеше од видеото со Лепа Брена“, изјави во една прилика Милиќевиќ.

Имено, два дена откако се емитувал на српската телевизија Пинк и собрал бројни позитивни коментари дека Брена изгледа светски, пристигнало писмо од Генералштабот во кое строго се забранува понатамошно прикажување на видето.

„Можеше да биде видео за сите времиња. Брена маршира со специјалната единица, пее во касарна, војници околу неа вежбаат…“, објаснува Дејан Милиќевиќ.

Во меѓувреме на Јутјуб се појави видеото на Лепа Брена.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....