8.8 C
Скопје
23:15 - 18 октомври, 2026

(Видео) Гога Секулиќ ја објави најтажната балада во кариерата – колегите и фановите во солзи

Популарната пејачка Гога Секулиќ ја трогна публиката ширум регионот со својата нова песна посветена на нејзината мајка Нада, која ненадејно почина во февруари оваа година.

Баладата со наслов „Мајка“ е исполнета со тага, спомени и силни емоции, а веднаш по објавувањето предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Многумина истакнаа дека песната длабоко ги потресла, препознавајќи ја искрената болка во секој испеан стих.

Гога исклучително тешко ја поднесе загубата на својата мајка, со која беше многу блиска. По нејзината смрт, пејачката целосно се повлече од јавноста и ги откажа сите настапи, фокусирајќи се на семејството и приватноста. Извори блиски до неа откриваат дека музиката и била единствениот начин да се соочи со болката и да ги преточи своите чувства во траен спомен.

Кога почувствувала дека е подготвена, Гога ја снимила песната во соработка со Феѓа Имамовиќ, кој е автор на текстот, музиката и аранжманот.

Поддршка од естрадата

По објавата, поддршка на Гога и упатија и нејзините колешки Рада Манојловиќ, Сандра Африка и Сања Вучиќ, кои јавно ги споделија своите емоции по слушањето на баладата. Иако тагата по мајка и е сеуште свежа, Гога реши да им се врати на деловните обврски и најави дека наскоро повторно ќе започне со настапи низ регионот и дијаспората.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....