12:38 - 27 ноември, 2026

(Фото) Маја Шупут и Шиме Елез во ново бегство од обврските – открија каде ги полнат батериите

По неодамнешното бегство во странство, хрватската пејачка Маја Шупут и 19 години помладиот дечко Шиме Елез овие денови за промена уживаат на домашен терен.

Тие моментално се во Далмација, поточно во Св. Филип и Јаков.

Двајцата се пофалија на Инстаграм со идиличното сместување каде што ги полнат батериите и го тагнаа луксузното далматинско одморалиште каде што престојуваат, јасно ставајќи до знаење дека дури и „одморот на домашен терен“ мора да биде од високо ниво.

Шиме откри и дека ова е само загревање за него пред вистинскиот летен одмор. Во една од своите објави, „Господин совршен“ изјави дека се чувствува „како дома“ на својата нова дестинација.

Маја, како што се очекуваше, се погрижи и за доза гламур, покажувајќи им на своите следбеници како се релаксираат во џакузи со поглед, додека тој избра малку подинамичен пристап и објави фотографија од себе како скока во базенот.

Судејќи според нивните објави, ова мини-бегство е очигледно претходница на интензивно лето, полно со настапи, патувања и барем, судејќи според најавите на Шиме, уште една рунда заедничко уживање.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....