28.5 C
Скопје
17:59 - 8 јули, 2026

Кој е богатиот сопруг на Мелина Џиновиќ? 70-годишниот Британец поседува империја, а со Украинка добил бебе пред една година

Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, по разводот од Харис Џиновиќ, повторно ќе го изговори судбоносното „да“. Нејзиното срце го освоил 70-годишен британски милионер, со кого веќе ја испланирала гламурозната венчавка што ќе се одржи овој викенд, а на површина излегоа бројни детали за неговото богатство, минато, како и за нивниот луксузен заеднички живот.

Новиот свршеник на Мелина Џиновиќ е богат Англичанец по име Џефри Пол Арнолд Деј (70). Овој успешен бизнисмен е точно 25 години постар од модната дизајнерка и поседува вистинска империја. Двојката во моментов живее во луксузна недвижност во Монте Карло, вредна десетици милиони евра, со фантастичен поглед на главниот булевар и морето, а кој веќе неколку години е во сопственост на Џефри.

– Овој стан каде што сега е Мелина не е нејзин, туку е во сопственост на нејзиниот партнер. Тој ја има таа недвижност веќе неколку години. Тој ѝ е познат на пошироката јавност во Србија, но јас не би зборувала за тоа. Вистина е дека е милионер, а од Мелина е постар 25 години. Жената дефинитивно ги сака постарите мажи, тоа ѝ е фетиш. Тој „полуде“ по неа и се труди да ѝ угоди во сè. Тие се многу дискретни, ретко излегуваат заедно од овде. Нивниот стан е еден од најубавите во зградата, имаат фантастичен поглед на главниот булевар и морето. Човекот е многу галантен, тој преку своите врски ѝ договорил да отвори бутик во една концепт продавница, каде што ги продава своите фустани. Мелина инсистирала тука да почне да ги продава своите фустани, за да не испадне дека само седи во Монте Карло и не прави ништо, дека само троши пари – тврди соседката Мелина Џиновиќ за српските медиуми.

Минатото и дете со Украинка

Недолго пред да ја запознае Мелина, Џефри во јуни лани добил дете со убава и млада Украинка. Тие биле кратко во врска, која ја завршиле додека таа била сè уште бремена, но Британецот веднаш по раѓањето го признал детето и не дозволил раскинувањето да влијае врз него. Извор близок до двојката наведува дека Мелина влегла во врска со него дури по тоа раскинување, кога тој бил слободен маж. Таа целосно ја прифатила неговата ситуација од минатото и во план е да се запознае со неговото најмало дете.

Гостите на венчавката ќе пристигнат со бродови, јахти и хеликоптер

Да потсетиме, гламурозната свадбена прослава ќе се одржи на луксузно место, до кое гости од Монако ќе пловат со бродови и јахти, а некои ќе летаат со хеликоптери.

Како што дознава српски „Блиц“, сабота ќе биде голем ден за Мелина Џиновиќ бидејќи вторпат ќе застане на „лудиот камен“ по разводот од Џиновиќ.

Слични објави

(Фото) Вака изгледаше Ана Севиќ во венчаница кога му кажа „да“ на Даниел

Еспресо

На Слаткар не му е чудно што е мета на критики: „Собираа потписи за да ми го откажат првиот концерт во 2009 година“

Еспресо

(Фото) Адам Сендлер повикал полиција по свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси — побарал нешто сосема неочекувано

Еспресо

Дејан Милиќевиќ откри необичен пропуст во легендарниот спот на Цеца: „Не сум нормален…“

Еспресо

„Малер си да се родиш овде“: Искра Канзурова со уште една лута објава

Еспресо

(Фото) Амра и Един Џеко уживаат во семеен одмор – најсаканата босанска двојка откри каде ги полни батериите по Светското

apostolova
Се вчитува....