12.8 C
Скопје
23:41 - 25 септември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) НИВНАТА БЕШЕ СВАДБА НА ВЕКОТ: 30 години подоцна Брена и Боба људо заљубени!

лепа брена

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, слават 30 години брак.

По тој повод Брена се огласи на својот „Инстаграм“ профил каде сподели кратко видео направено од најубавите фотографии на заедничкиот живот, почнувајќи од нивната спектакуларна венчавка, која беше наречена „свадба на векот“.

брена
фото: принтскрин/инстаграм

„Заљубувањето е хормонална состојба и треба да се искористи до максимум. И љубовта никогаш не треба да се потроши. Треба да ги разликувате две работи, а ние тоа го научивме. Затоа и траеме толку долго”, напишала пејачката со видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

„Кога го запознав Боба, ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека нема многу време за губење исто како и јас, бидејќи тогаш нашите кариери беа во својот зенит. Си реков – сега или никогаш! Се сеќавам, се запознавме по премиерата од првиот дел од филмот „Hajde da se volimo“ во Домот на синдикатите. Нè претстави Рака Ѓокиќ. Се сеќавам дека давав интервју за „„Ilustrovanа politikа“ и дека Рака ме затвори во канцеларија со новинарката за да можеме нормално да разговараме. Во одреден момент Рака влезе со Боба и нè запозна“, рече еднаш Брена за нејзината љубовна врска со Живојиновиќ.

Слични објави

Хана Хуљиќ за Петар Грашо: „Од концерт доаѓа дома во четири-пет наутро само за да биде со нас“

Еспресо

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.
Се вчитува....