22:14 - 7 ноември, 2026

(Видео) Емотивен момент: Милан Васиќ сподели видео со неговата реакција кога сопругата му соопштила дека е бремена

Маја и Милан Васиќ неодамна станаа родители за првпат. Тие го добија синот Деспот и, како што истакнува актерот, „Благодарни му се на Бога за него“.

Инаку, Маја му кажала на Милан точно пред една година дека е бремена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milan Vasic (@milanvasic_official)

Неговата реакција е овековечена во видео кое актерот сега го сподели со јавноста преку Инстаграм, потсетувајќи се на еден од најубавите моменти во својот живот.

– На овој ден во 2024 година, сопругата ме извести дека е бремена, па вака реагирав. Со оглед на тоа што веднаш почнав да плачам од среќа, не можев да ѝ одговорам и ѝ спуштив – напиша Васиќ на интернет.

Сепак, тој не застана тука.

– Мајка ѝ ја прашала: „Што вели зетот?“, а Маја ѝ одговорила: „Ми ја спушти слушалката“ (се смее). Но, таа знаеше дека ќе плачам и сфати што сум направил. Веднаш ја повикав и само продолжив да плачам. Му благодариме на Бога за Деспот – заклучи потоа тој, и предизвика бројни реакции од своите обожаватели со емотивното видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milan Vasic (@milanvasic_official)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....