22:44 - 7 ноември, 2026

Миа Костова искрено раскажа за односот со таткото на нејзиниот син

Инфлуенсерката Миа Костова го спомена таткото на нејзиниот син Андрија и искрено раскажа во каква релација се.

Миа гостуваше во емисијата „Нешто конретно“ со Снеже Велков на која тема беа предрасудите, и искрено зборуваше за нејзиниот син и неговиот татко, со кого таа никогаш не била во брак.

– Андрија има контакт со татко му, тој функционира со татко му. Така што, јас не сум имала многу што да објаснувам. Сметам дека во ова поново време голем број од децата се деца на разведени родители.

Васка Леонтиќ, Сузана Турунџиева, Миа Костова и Снеже Велков во емисијата „Нешто конкретно“ Фото / Фејсбук

Не е којзнае каков проблем во денешно време мама и тато да не живеат заедно. Од тој аспект, Андрија растеше со приказната дека живее со мене, меѓутоа, татко му не живее со нас. И немав никаков проблем – рече Миа.

Потоа, таа рече дека никогаш не ги демантира невистините кои се зборуваат и се пишуваат за неа, затоа што најдобар „удар“ за тие што ги пласираат е игнорирањето. Сепак, има некои коментари кои ќе ја заболат, особено ако се работи за дете, па тогаш им се спротиставува.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....