14.8 C
Скопје
13:38 - 30 октомври, 2026

(ВИДЕО) ДАНИЕЛ КРЕГ СО РАНА НА ГЛАВАТА: Глумецот не забележа дека му тече крв во текот на целото интервју

Даниел Крег направи цело интервју со Хавиер Бардем без да сфати дека има исекотина од која тече крв на главата.

Крег и Бардем учествуваа во интернет емисијата на „Variety“ – „Actors on Actors“(Глумците за Глумци), каде зборуваа за улогите во „No Time to Die“ и „Being the Ricardos“.

imdb

На крајот од интервјуто кое трае повеќе од 20 минути, Бардем забележа нешто на челото на Крег.

– Да те прашам, пријателе, последното прашање: Што ти се случи тука?, праша Бардем покажувајќи кон челото на Крег.

– Каде? – одговори Крег. „Дали имам сендвич на глава? Дали го направив целото ова интервју – веројатно е дел од сендвич!

Крег се провери во огледало и се врати за да потврди дека станува збор за посекотина.

– Знаеш што беше тоа? Ми испратија светилка во облик на круг и јас ставив „ајпед“, кој го поставив на средина. Ми падна на глава непосредно пред да започнеме!

– Го глумев Бонд 17 години. Не е ни чудо што се повредувам секој пат кога снимам. Ако не се повредам додека снимам, не го правам тоа како што треба, рече Крег покажувајќи кон раната.

Слични објави

Лепа Брена за најтешкиот период во животот: „Се плашев дека нема да ги изведам децата на пат“

Е.А.

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.

Петок е, време е за дружење — три брзи закуски што ќе исчезнат од масата за миг

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

Дневен хороскоп за 30 октомври: Обрнете внимание на деталите што би можеле да предизвикаат недоразбирање

apostolova
Се вчитува....