9.8 C
Скопје
22:26 - 19 октомври, 2026

(Видео) „Авион од жена“: Карлеуша пак ги згреа социјалните мрежи, по тангата позира во раскошен фустан

Јелена Карлеуша веќе неколку дена ужива во својот одмор со ќерките и пријателите во Дубаи каде што оди секоја година и тоа неколку пати.

Поп ѕвездата престојува во еден од најлуксузните хотели на Емиратите. Како што дознава српски Курир, Карлеуша престојува во хотел со пет ѕвезди, а како што може да се најде на веб-страницата, за седум ноќевања во ова одморалиште во Дубаи, пејачката морала да издвои најмалку еден милион динари (околу 8.500 евра), бидејќи само даноците и таксите изнесуваат околу 240.000 динари.

Хотелот располага со приватна плажа, модерни соби со најнова технологија, спа центар, а особено познати се рестораните во кои се служат разновидни кујни од целиот свет. Јелена времето во Дубаи го искористи за шопинг, па се почести со нов пар сандали „Луј Витон“.

Инаку, Јелена секојдневно на Инстаграм им се фали на следбениците со неверојатни сцени од Дубаи, а посебно внимание привлекоа жешките фотографии од плажа. На една од нив таа позира во друштво на маж – на фотографијата се гледа машка рака со тетоважи. Сепак, тоа е раката на нејзиниот фотограф, кој е на одмор со неа, а тоа го потврди и самата пејачка која го означи под фотографијата.

По серијата провокативни фотографии, пејачката објави и видео на кое позира во раскошен син фустан од луксузен бренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Коментарите продолжија да се нижат, а некои од нив се:

– „Преубава си“, „Најдобро облечена жена во овој дел од Европа“, „Сè ти стои“, „Авион од жена“…

 

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....