21:06 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) Анџелина Џоли горда на талентот на нејзината ќерка Шајло

Снимката на која најстарото од трите биолошки деца на Бред Пит и Анџелина Џоли, Шајло, танцува со тимот стана хит на социјалните мрежи.

И додека нејзините родители се едни од најплатените актери во Холивуд, Шајло Џоли Пит избра сосема поинаква гранка на уметноста во која најдобро се изразува. Станува збор за танц, хип-хоп кореографија, во која Шајло одлично се снаоѓа.

Видеото од 16-годишната Шајло Џоли Пит како танцува во сала за танц во ритамот на популарниот хит на Лизо „About Damn Time“ набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Русокосата убавица, облечена во црни предимензионирани тренерки, без многу мака и труд ја направи кореографијата и покажа дека е родена со добар танцов ритам.

Шајло Џоли Пит е најстарото од трите биолошки деца на Бред Пит и Анџелина Џоли и е родена во Намибија, а со близнаците Вивиен и Нокс и посвоените Захара, Пакс и Медокс порасна во познатото семејство. Шајло уште од мала го избра својот моден израз, поради што се појавија шпекулации дека има намера да го промени полот.

Кратката коса и стајлинзите својствени за момчиња, а најмногу машките костуми, Шајло ги замени со нов, поженствен изглед, а од почетокот на минатата година посетува часови по танц во школата Милениум во Лос Анџелес.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....