16.8 C
Скопје
13:36 - 18 октомври, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ и мајка ѝ Борка заедно пееја на сцена: „Ова е мојата омилена гостинка“

Младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа во Осиек го одража третиот концерт, а изненадувањата повторно не изостануваа.

По Рада Манојловиќ, на сцената како големо изненадување за првпат и се придружи и нејзината мајка Борка Михајловиќ.

@alo_portal

Aleksandra najavila svoju majku kao specijalnu gošću na svom koncertu 🥰 #alo #alodnevnenovine #aleksandraprijovic #prija #koncert #osijek #osijek🇭🇷 #fypシ #fypシ゚viral

♬ original sound – Alo_portal

Тие двете го отпеаа големиот хит на Осман Хаџиќ „Ти мене не волиш“.

Уште кога мајката на Прија излезе на бината – настана хаос во салата, а возбудата меѓу публиката беше на врвот.

– Знаеме дека имав голема чест да дојдат голем број мои колеги, да ми бидат гости, да ми бидат поддршка и неизмерно сум им благодарен на сите. Вечерва е тука и вечерва на сцената ќе се појави мојата омилена гостинка, а тоа е мајка ми Борка. Ве молам дајте ѝ го најголемиот аплауз – извика Прија.

Откако маестрално го изведоа хитот во дует, Прија повторно и се обрати на публиката.

– Ова е посебна ноќ за мене. Таа е секогаш тука и некако долго размислував во кој град да пее. Знам дека таа пееше во овој град со години кога бев мала и многу сум среќна и горда што вечерва стоиме заедно на оваа сцена. Мамо, ти благодарам за се, знаеш дека те сакам најмногу во светот – рече Александра додека ја гушкаше мајка си.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....