10:07 - 8 ноември, 2026

(Видео) Алек Болдвин им избега на новинарите благодарение на мамка на сопругата: „Оставете нè на мир, имаме седум деца…“

Алек Болдвин беше обвинет за ненамерно убиство по инцидентот на снимањето на „Рѓа“ (Rust) каде актерот ја застрела кинематограферката Халина Хачинс која беше на снимањето на филмот.

Новинарите сакале да земат изјава од Болдвин, но наместо од него, ја добиле изјавата од Хиларија Болдвин, неговата сопруга, која акцентираше дека семејството бара новинарите да го остават нејзиниот сопруг на мир. Него и целото семејство.

Хиларија го напуштила својот дом со нивното новороденче и почнала да зборува за новинарите кои стоеле пред врата:

„Ќе кажам само еднаш. Ќе ви го кажам тоа што сакам да ви го кажам. Сакам дечки да сфатите дека имаме седум деца“.

Таа потоа им рече на новинарите дека не знае што да им објасни на нивните деца „Значи, дозволете моите деца да се вратат дома, а вие држете се настрана од нив“, рече Хиларија. „Затоа што ме прашуваат „Мамо, што прават овие луѓе? И како мајка е многу тешко да се обидеш да објасниш. Затоа, ве молам, одете си дома“.

Новинарите сепак биле лути што не успеале да земат изјава од самиот Болдвин. Тој во меѓувреме излегол од друга врата и веднаш влегол во автомобил, па така новинарите останале без збор од холивудската легенда.

Потсетуваме, Андреа Риб, која е специјална обвинителка, рече дека „Доколку некој од овие тројца луѓе – Алек Болдвин, Хана Гутиерез-Рид или Дејвид Холс – ја завршеше својата работа, Халина Хачинс денес ќе беше жива“.

Слични објави

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо
Се вчитува....