21:59 - 29 ноември, 2026

Веќе не се кријат: Ирина Шајк и Бредли Купер заедно ќе ги слават божиќните празници

Ирина Шајк и Бредли Купер заедно го прославија Денот на благодарноста, а сега прават планови за Божиќ, пренесува Холивуд Лајф.

47-годишниот актер и 36-годишната супермоделка продолжуваат да ги потврдуваат гласините дека се повторно заедно и пак уживаат во заедничкиот живот. Според инсајдер на Холивуд Лајф, Шајк и Купер планираат заедно да ги поминат божиќните празници.

„Тие сакаат да направат сè што можат за да го направат Божиќ совршен за Леа (нивната ќерка), па шопингот и планирањето веќе започнаа. Таа сега има пет години, што е совршена возраст за правење списоци за Дедо Мраз и други магични работи. И на девојчето ѝ се допаѓа кога поминува време со двајцата родители. Бредли е многу среќен што тој и Ирина ќе го поминат овој Божиќ заедно. Сепак, тоа не го прават само за Леа, туку и затоа што сакаат да поминуваат време заедно. Тие се многу задоволни од начинот на кој се одвиваат работите “, сподели инсајдерот со новинарите.

Ирина Шајк и Бредли Купер беа заедно од 2015 до 2019 година. Во летото 2022 година, поранешните љубовници поттикнаа гласини за повторно обединување со тоа што заедно заминаа на одмор на Бахамите.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....