10:57 - 12 ноември, 2026

УМА ТУРМАН СО ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Актерката прозборе за својата најдлабока тајна

ума турман

Ума Турман по долги години со светската јавност ја сподели својата можеби најдлабоката тајна до сега дека имала абортус како тинејџерка.  

51-годишната актерка која е една од ѕвездите која жестоко го критикува новиот закон за абортус кој неодамна беше донесен во Тексас, раскажа дека имала абортус додека била тинејџерка.
Турман решила да зборува за своето лично искуство со цел да ја „тргне жештината од контроверзноста од ранливите жени на кои овој закон ќе има непосредно влијание“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Uma Thurman (@umathurman)

„Ја споделувам мојата приватна болка за да ја понесам жештината со нашите ќерки и сестри. Заедно сме во ова“, напиша Турман на својот приватен инстаграм-профил.

Со законот кој овој септември беше донесен на сила во Тексас, Америка се забранува на медицинските работници да извршуваат абортуси штом ќе се забележи срцева активност, што вообичаено се случува околу шестата недела од бременоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Uma Thurman (@umathurman)

Во личен напис во „Washington Post“ чиј наслов вели дека новиот радикален закон против абортусот на Тексас е криза на човечките права за американските жени, филмската ѕвезда го споредува овој закон со „хорор“.

„Ја започнав мојата кариера на 15 години, работејќи во околина каде често бев единственото дете во собата. Во моите доцни тинејџерски години, случајно бев забременета од многу постар маж. Живеев во куфер во Европа, далеку од моето семејство, и требаше да започнам со работа. Се измачував за да сфатам што да правам. Сакав да го зачувам бебето, но како?“, раскажува Турман.

Актерката посочува дека законот де факто е дискриминаторска алатка против оние кои се економски обесправени, додека пак оние кои потекнуваат од богати семејства ќе имаат право на избор, доочувајќи се со малку ризик.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....