20:22 - 1 февруари, 2026

ТРАМП ОЧИ ВО ОЧИ СО СКАНДАЛ: Поранешната портпаролка ќе му ги истури тајните во јавност со нова книга

За време на претседателската кампања, но и откако стана 45-ти претседател на САД, Доналд Трамп се соочи со бројни обвинувања за неверство и сексизам. Се чини дека дури и откако Трамп ја напушти Белата куќа, приказните за неговото несоодветно однесување не престануваат.

Стефани Гришам, поранешна портпаролка на Белата куќа и шеф на кабинетот на поранешната прва дама Меланија Трамп, наскоро ќе ја објави книгата „I’ll Take Your Questions Now“, во која презентира на јавноста бројни непознати детали за поранешниот претседател и неговата сопруга.

стефани гришам
фото: EPA-EFE/Al Drago / POOL

Таа, меѓу другото, тврди дека Доналд Трамп бил опседнат со неименувана жена која работела во неговиот тим за односи со медиумите. Тој наводно морал да биде свесен за нејзината локација во секое време, велел дека „сака да ја види одзади“ и барал да ја внесат во кабината на претседателскиот авион Air Force One.

Очигледно, неговата сопруга Меланија беше свесна за сè, и откако порно ѕвездата Сторми Даниелс јавно кажа дека имала односи со Трамп периодот откако Меланија се породи и го роди својот син Барон, тогашната прва дама јавно го поддржала и го „казнила зад сцената“.

доналд меланија трамп
фото: EPA-EFE/Stefani Reynolds / POOL

Гришам, исто така, пишува дека во тоа време доживеала професионален кошмар: Трамп ја повикал да опише како точно изгледа неговиот полов орган, бидејќи Сторми Даниелс тврдеше дека неговиот пенис ја потсетил на „печурката од Супер Марио“ и дека тој не може да се пофали со некоја импресивна должина.

Наводно, Доналд Трамп врие од бес поради претстојното објавување на книгата и тој за „Си-Ен-Ен“ изјави дека Гришам била „платенa од радикалната левичарска издавачка куќа да каже грди и невистинити работи за него“.

доналд трамп
фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

 

Слични објави

„Мојата бременост ќе го врати“: Каспер летна за Америка, Мина Костиќ го бакнува

Еспресо

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо
Се вчитува....