14.8 C
Скопје
17:54 - 25 септември, 2026

Тони Бјелиќ не престанува со провокации кон Драгана Мирковиќ – по објавата од Виена порача: „Животот не е една жена“

Пејачката Драгана Мирковиќ неодамна јавно проговори за својот развод од Тони Бјелиќ, по што тој започна да ѝ одговара преку објави на социјалните мрежи, со низа контроверзни пораки и обвинувања. Размената на пораки доаѓа откако Драгана јавно зборуваше за тоа дека периодот на разводот бил еден од најтешките во нејзиниот живот.

Во една од своите објави, Тони сподели фотографија од луксузен хотел во Виена, на која е заедно со пријател. Објавата на Инстаграм ја придружил со песната „Животот не е една жена“ од Ми­рослав Илиќ.

Тој напишал:
„За мојот искрен и верен пријател 25 години. Не се предавај, друже.“

Драгана Мирковиќ во своето обраќање истакна дека не била свесна колку е силна како личност.

„Не знаев колку сум силна личност. Мислев дека сум нежна, но испаднав посилна отколку што мислев. Тоа го сфатив пред пет години. Сфатив дека сум посреќна сама со моите деца. Кога јас ќе одлучам да прекинам однос, луѓето мора да знаат дека постои многу сериозна причина, затоа што јас многу трпам, многу сакам луѓе и многу простувам. Но кога ќе одлучам да ставам крај, тогаш навистина е дојдено преку глава,“ изјави таа.

 

Слични објави

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо
Се вчитува....