02:24 - 8 ноември, 2026

„Тој од Струмица не сака да мрдне, таму му е рајот нему!“: Влатко Стефановски проговори за случката кога неговиот басист не добил виза за Англија

влатко стефановски

Влатко Стефановски на гостувањето во емисија на ТВ Телма се присети на времињата кога легендарната група „Леб и сол“ стигнала до Лондон, како и на стресните моменти поминати во чекањето визи.

Легендарниот гитарист ја посочи неодамнешната ситуација со неговиот басист, Иван Кукиќ, која ја опипува и во неговите мемоари.

„Во моите мемоари имам напишано како групата ’Леб и сол’ стигна во Лондон и како… ’Аха, што сте вие, бенд? Ај на страна’“, раскажува Стефановски, опишувајќи го сомнежот со кој се соочувале на границите. „Или како сме трепереле чекајќи визи. Или кога мојот басист не доби виза за ‘Аби роуд‘ сега, од непознати причини“, раскажа Влатко.

Стефановски со доза на иронија и револт го прокоментира однесувањето на британските служби, кои очигледно покажале неразбирање за профилот на музичарите.

„Се уплашила администрацијата британска дека басистот мој ќе остане? Тој од Струмица не сака да мрдне, таму му е рајот нему! Иван Кукиќ не доби виза за Англија. Јас бев луд! Сите бевме луди. Барав замена во последен момент“, се присетува тој.

За Стефановски, ваквите административни бариери не се само технички проблем, туку длабока навреда за уметничката слобода и човечкото достоинство.

„Тоа е толку дискриминирачки. Јас сум толку чувствителен на човечка дискриминација“, рече Влатко Стефановски.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....