20:55 - 7 ноември, 2026

Јелена Розга проговори за здравствените проблеми: „На терапија сум…“

Хрватската пејачка Јелена Розга првпат јавно проговори за здравствените проблеми со кои се соочува во последните месеци.

Во интервју за „Ин магазин“ откри дека ѝ била дијагностицирана инсулинска резистенција, состојба поради која морала значително да ги промени животните навики и начинот на исхрана.

Пејачката раскажа дека со години чувствувала дека нејзиното тело ѝ испраќа предупредувачки сигнали.

„Со години чувствувам дека се случуваат некои промени. Постојано бев жедна, на сцената ми се сушеше устата, по една чаша вода повторно чувствував глад, а килограмите ми се топеа“, изјави Розга.

Таа решила да направи детални испитувања пред американската турнеја во март, а резултатите ги потврдиле сомнежите – станувало збор за инсулинска резистенција. Веднаш почнала со терапија и вовела строг режим на исхрана.

„На терапија сум. Имам инсулинска резистенција и шеќерот многу ми варира. Ми се случува на сцена нагло да ми падне шеќерот и тогаш чувствувам голема слабост. Во такви моменти морам да испијам или да изедам нешто благо. Нутриционистка ми подготви план на исхрана и морам да јадам пет пати дневно. Со оглед на мојата работа и честите патувања, тоа не е едноставно, но навистина се трудам. Таблетите ги пијам трипати дневно“, откри пејачката.

Дијагнозата донела и големи промени во нејзиното секојдневно мени. Таа целосно ја исфрлила чоколадата и значително го намалила внесот на јаглехидрати.

„Престанав да јадам чоколада веднаш штом ја дознав дијагнозата и исфрлив околу 70 проценти од јаглехидратите. За среќа, сакам месо и риба, па тоа не ми претставува проблем. Најдов и производи без шеќер како замена, па се снајдов. Најголем проблем ми е кога сум на сцена, бидејќи устата многу ми се суши“, призна Розга.

Инсулинската резистенција е состојба при која клетките во организмот послабо реагираат на инсулинот – хормон што овозможува гликозата од крвта да навлезе во клетките. Поради тоа, панкреасот произведува поголеми количини инсулин за да го одржи нивото на шеќер во крвта во нормални граници.

Најчестите симптоми се замор и поспаност по оброк, засилен апетит, особено за благо, таложење масно ткиво во пределот на стомакот, отежнато слабеење, потемни и задебелени дамки на кожата, најчесто на вратот и под пазувите, како и покачено ниво на шеќер во крвта во подоцнежните фази.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....