10:37 - 7 ноември, 2026

(Фото) Вељко и Богдана заминаа од Србија: Еве каде се забавува двојката, друштво на одморот им прави мајката на Цеца

По седум месеци напорни тренинзи и подготовки во Русија, Вељко Ражнатовиќ се врати кај своето семејство, а секој слободен момент го користи за да го надомести времето поминато далеку од најсаканите.

Со сопругата Богдана и нивните деца, престојува на Кипар, каде што уживаат во заслужениот одмор и семејните моменти.

Друштво им прави и мајката на Цеца Ражнатовиќ, Мирјана, па деновите се исполнети со заеднички моменти и релаксација далеку од секојдневните обврски.

По долг период на разделба, семејството конечно е повторно заедно, а колку си недостасувале еден на друг зборува и фактот што Вељко и Богдана објавија романтична фотографија од плажа, на која прегрнати уживаат на морскиот брег, исто како во првите денови од нивната врска. Нивните насмевки и блискост јасно покажуваат колку им значело што се повторно заедно.

Сепак, одморот нема да трае долго. Вељка наскоро го очекува продолжување на сериозните подготовки за еден од најважните натпревари во неговата кариера досега. По престојот на Кипар, тој ќе оди во Шпанија, каде што ќе продолжи со интензивните тренинзи пред големиот натпревар што го очекува во Белград на крајот на август.

Иако е целосно посветен на своите спортски цели и натпреварот, Вељко покажа дека неговото семејство е неговата најголема сила и мотивација.

Затоа го користи секој момент помеѓу тренинзите за да биде со сопругата и децата, полнејќи ги батериите пред предизвиците што наскоро го очекуваат во рингот.

Семејството престојува на Кипар, каде што поседуваат прекрасна вила со базен, а секој детаљ е уреден по нивен вкус.

– Сакав нешто егзотично, убаво и да биде веднаш на брегот. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа моја вила и знаев дека е тоа. Веднаш зедов кредит. Да, ја купив куќата на кредит, кој, нормално, го отплаќам месечно – изјави Цеца Ражнатовиќ во една пригода во „Амиџа Шоу“.

Пејачката со години оди во оваа островска земја, која многу ја сака, а еден период нејзините деца и се школуваа таму .

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....