9.8 C
Скопје
22:01 - 18 октомври, 2026

Тој најдобро ја познава: Најемотивната честитка за роденденот на Каролина

Каролина Гочева вчера наполни 46 години, а меѓу многуте честитки кои ги сподели на нејзиниот Инстаграм-профил се издвои една.

Станува збор за честитката од стилистот Александар Билјановски-Дадар кој освен што е нејзин соработник е и близок пријател на поп-ѕвездата.

„Среќен роденден на македонското девојче со магична насмевка што освојува без зборови….
Голем другар, искрена до коска, внимателна на секој детаљ – ретка комбинација што те прави толку посебна и обожавана од сите. Горд сум што сум дел од твојата приказна сите овие години – не само како твој шминкер, туку како некој што те знае вистински. Нашите моменти, слики и спомени се доказ за едно убаво патување што сѐ уште трае.
Ти посакувам уште повеќе светлина, љубов, успех и моменти што ќе ти го полнат срцето како што ти ги полниш нашите. Секогаш твој“, напиша Дадар до видеото со колаж од заеднички фотографии, а Каролина на ова емотивно му возврати:

„Ооох какви слики, какви спомени… Фала ти Дацо мој најсакан“.

Фото/Инстаграм

Слични објави

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо
Се вчитува....