17:28 - 4 ноември, 2026

Возен парк од 400.000 евра и куќа од стакло –  Ана Севиќ ужива во луксуз на Бежаниска коса

Пејачката и водителка на „Ѕвездите на Гранд“, Ана Севиќ, денес живее вистински живот од соништата. Покрај успешната кариера, таа ужива во складен брак со бизнисменот Даниел Недељковиќ, со кој неодамна се пресели во нова, ултра-луксузна вила на престижната локација Бежаниска коса во Белград.

Гаража вредна богатство

Брачниот пар поседува возен парк кој вреди вртоглави 400.000 евра. Во нивната гаража доминираат моќни машини, цената на едниот автомобил достигнува и до 250.000 евра, додека за другиот извоиле  околу 150.000 евра.

Дом со палми на покривот

Нивниот нов дом е вистинско архитектонско ремек-дело. Вилата е речиси целата во стакло, а на покривот има пространа тераса украсена со вистински палми. Ентериерот е уреден во модерни крем, кафеави и црни тонови, нудејќи им на Ана и нејзиното семејство максимален комфор и приватност.

Она што ја фасцинира јавноста е одличниот однос кој Ана и нејзиниот сопруг Даниел го негуваат со нејзиниот поранешен маж, Дарко Лазиќ. Ана дури беше гостинка на неговата последна свадба, истакнувајќи дека нејзиниот сегашен сопруг е нејзината најголема поддршка и дека заедно работат на тоа нивната ќерка Лорена да расте во средина без тензии.

 „Мојот сопруг ја сака Лорена и сакаше таа да биде среќна тој ден, да види дека сите сме заедно и дека сè може да функционира убаво“, изјави Ана.

Иако денес живее во неверојатен луксуз, Ана не крие дека нејзиното детство било тешко и дека го запознала својот татко дури кога пораснала, за време на музичкото натпреварување кое ја прослави.

Слични објави

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо
Се вчитува....