14:12 - 3 септември, 2026

Државата да донесе закон против навредувачките коментари: Диџеј Мац се налути, Спенџарска го поддржа

Јелена Спенџарска го поддржа познатиот дицеј Мац кој „распали“ на Инстаграм против оние кои постојано пишуваат навредливи коментари.

Диџеј Марјан Мац Петровски во видеото на Инстаграм рече дека повозрасните треба да им бидат пример на помладите за култура, а не за некултура.

​„Сметам дека е крајно време да се преземе нешто за сите недолични коментари што ги оставате по социјалните мрежи, особено вие што сте 45- 50 плус, каде што имате на сликата внучиња или деца, а во коментар пишувате сосема нешто што е крајно безобразно и не доликува некој да го прочита тоа.
​Значи, ве молам престанете или државата нека преземе нешто, некој закон да донесе каде што ќе може да гонат кривично профилите каде што навредуваат, пцујат, колнат, сè прават најлошо и недолично јавно кон било која јавна личност. Дали е тоа политичар или пејач или диџеј или глумец или не знам што, меѓутоа мора да престане еднаш засекогаш.
​Значи истите тие сакаат да бидат пример за помладите како треба да биде, а всушност прават како не треба да биде. Не може бе луѓе, постари луѓе во години, наместо да земеме пример од вас за култура, младите учат од вас како не треба да биде.
​Значи ве молам, дај еднаш засекогаш размислете што ќе напишете и кого ќе навредите и што сè ќе постигнете со истото тоа. Значи немате осет, искрено немате осет“, рече диџеј Мац.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Petrovski (@djmatsofficial)

Водителката Спенџарска го сподели видеото и напиша: Само замислете постои закон за вакви луѓе кои коментираат глупости и тој закон навистина функционира?

Фото/Инстаграм

Слични објави

Маријана се враќа во Австралија со прекрасни спомени и посебен подарок од Дац и Александар: „Летниот распуст во Македонија го поминав прекрасно“

Еспресо

Семејна идила — Дарко Лазиќ сподели фотографии со сопругата и децата

E.A.

Еко-куќа, коњи, крави и органски зеленчук – Карлеуша бега од Белград и купува имот на село

Еспресо

Мајката на Едита Арадиновиќ за првпат проговори за семејните караници: „Тоа трае многу долго, сè ова многу нè чини“

E.A.

„Среќен роденден, Маестро!“: Калиопи му го честиташе роденденот на поранешниот сопруг Ромео Грил

Еспресо

Поради неа 11 години помлад монах го напушти манастирот, а нивниот син го носи нејзиното презиме

E.A.
Се вчитува....