21:07 - 4 ноември, 2026

„Не ми одговараше нејзината енергија“ – Догогодишниот соработник на Александра Пријовиќ откри зашто ја прекина соработката со пејачката

Познатиот композитор Дејан Костиќ, кој стои зад некои од најголемите хитови на Александра Пријовиќ како „Дам дам дам“, „Психо“ и „Марш“, конечно ги откри деталите за прекинот на нивната соработка. Гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“, Костиќ стави крај на шпекулациите и објасни зошто патиштата со моментално најпопуларната фолк-ѕвезда им се разидоа.

Иако нивната заедничка работа донесе огромен успех, Дејан истакна дека главната причина за прекин на соработката е недостигот на заедничка визија и енергија.

„Енергијата не ни се поклопи, ниту погледите на идните деловни чекори. Не знам зошто се крена толку голема прашина, има толку многу автори и пејачи… Не сме се скарале, нормално комуницираме, но едноставно дојде до презаситување“, објасни композиторот.

Костиќ, кој сега интензивно соработува со Цеца Ражнатовиќ и Бресквица, нагласи дека неговиот нов ангажман кај најголемата балканска ѕвезда нема врска со прекинот кај Пријовиќ.

„Причината е само лоша енергија поради некои ‘икс’ ситуации. Не е поради Цеца… Јас сум зависник од добра енергија, а таа кај Цеца е феноменална. На крајот, публиката е таа што ќе суди кога ќе ги слушнете новите песни“, додаде тој.

Дејан Костиќ, кој работеше и на новиот албум на Анџела Игњатовиќ  Бресквица, порача дека не е суетен и дека како продуцент секогаш гледа да го извлече најдоброто од артистот, но само доколку постои меѓусебно разбирање.

Слични објави

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.
Се вчитува....