13:41 - 7 ноември, 2026

Дваесет и три години постариот сопруг на Мелина поседува огромно богатство – ја изнајмува својата јахта за 70.000 евра неделно

Откако Мелина Арнолд (поранешна Џиновиќ) минатата сабота се омажи за британскиот милионер Џефри Пол Арнолд во Монако, јавноста не престанува да се интересира за имотот на нејзиниот нов сопруг. Британскиот претприемач, кој е 23 години постар од Мелина, во својата биографија има најмалку 28 функции во различни компании, но еден од неговите најуносни бизниси е изнајмувањето на неговата супер-луксузна јахта.

Ексклузивното пловило, на кое Мелина ги угости своите гости од Србија и Босна пред свадбата, се изнајмува по вртоглави цени од 70.000 евра неделно во екот на летната сезона, а 60.000 евра неделно  надвор од сезоната.

Јахтата е произведена во 2013 година, а целосно е обновена во 2024 година со најквалитетни материјали за да ги задоволи стандардите на најбогатите клиенти. Со должина од 30,75 метри, пловилото нуди капацитет за ноќевање на шест лица во три луксузни кабини, додека за време на пловидбата на неа можат да престојуваат до 12 гости. За врвната услуга се грижи петочлен професионален екипаж.

Што добиваат клиентите за оваа сума?

Оние кои ќе одвојат мало богатство за една недела на оваа јахта, на располагање имаат: Џакузи на палубата и врвен звучен систем, водени „играчки“ како Џет-ски, опрема за нуркање, падл-борд (SUP), си-боб (sea-bob) уреди и опрема за риболов. Јахрата исто така поседува персонализирана консиерж услуга која вклучува сè, од резервации во најексклузивните ресторани до организација на приватни излети.

Јахтата најчесто плови по најпрестижните медитерански дестинации како Француската ривиера, Сардинија, Корзика и Сицилија. Токму во марината во Монако беа снимени и првите кадри од среќната двојка по нивната гламурозна венчавка.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....