10:19 - 8 ноември, 2026

„Ти си испратен од бог“: Аница со љубовна порака му честиташе роденден на Лазар Ристовски

Лазар Ристовски денеска го слави својот 71 роденден, а неговата 39 години помлада партнерка Аница Лазиќ сподели нивна заедничка фотографија на својот Инстаграм профил за да му го честита роденденот.

Под споделената фотографија, таа напиша – „Лазар (со значење – бог помага). Се верува дека мажот со ова име е испратен од Бог да помогне на Земјата. Јас знам дека е така. Ти си победник. Добродетел. Наш најголем уметник. Вечен творец кој го сака животот, и затоа животот те сака тебе. Заштитник. Оптимист. Патриот. Смел и храбар. Голем пријател. Човек со широка свест и со добро срце. Пред да те запознаам бев среќна. Сега таа среќа е двојна. Ми го разубави животот на сите полиња, и секој ден покрај тебе е благослов. Те сакам баш таков каков што си“.

Да потсетиме, Аница Лазиќ и Лазар Ристовски неодамна ја потврдија врската. Двајцата соработуваат во серијата „Дрим тим“, а актерот од овој проект ја исфрлил својата поранешна сопруга Даница, која нема коментар за однесувањето на бившиот сопруг.

Слични објави

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо
Се вчитува....