08:03 - 8 ноември, 2026

Тејлор Свифт повторно е „сингл“: Се раздели со Џо Алвин по шест години поминати заедно

На долгогодишната врска помеѓу Тејлор Свифт и Џо Алвин ѝ дојде крајот. Според извор кој разговарал за Page Six, парот, кој бил заедно повеќе од шест години, раскинал пред неколку недели. Иако нема лоша енергија меѓу нив, изворот вели дека разделбата не била драматична, туку дошла сама од себе.

Свифт, која моментално е на нејзината турнеја „Eras Tour“, беше без Алвин. Актерот ниеднаш не се појави меѓу толпата гледачи. Пријател на двојката зборуваше за магазинот People во март и рече дека Алвин ќе патува со неа кога ќе може и дека „тие се одлично заедно“. Сепак, до сега, тоа не беше случај и покрај бројните одржани концерти.

33-годишната пејачка и Алвин, кој има 33 години, многупати беа во центарот на гласините за свршувачка, а Свифт дури носеше свршенички прстен во нејзиниот документарен филм на Нетфликс од 2020 година „Мис Американа“. Сепак, ова никогаш не беше потврдено.

Алвин зборуваше за магазинот WSJ и рече дека нема да го открие статусот на нивната врска дури и ако ја запроси. „Мислам, вистината е, ако одговорот беше да, немаше да кажам, а ако одговорот беше не, пак немаше да кажам“, рече тој.

Двојката се запозна на Мет Гала во 2016 година, а почнаа да се забавуваат неколку месеци подоцна, но нивната врска ја објавија во јавност дури во 2017 година. Во текот на нивните заеднички години, тие ја чуваа својата романса приватна, и покрај постојаните шпекулации на фановите на Свифт за тоа кои песни се посветени на Алвин .

„Свесен сум дека луѓето сакаат да знаат за таа наша страна на нештата“, рече Алвин во интервју за Вог во 2018 година. „Мислам дека успешно останавме многу резервирани за јавноста“.

Свифт ги повтори чувствата на Алвин во нејзиниот документарен филм од 2020 година. „Заедно одлучивме дека сакаме нашата врска да биде приватна“, рече таа. „Иако мојот јавен имиџ во 2016 година беше навистина ужасен, јас бев среќна“. Таа продолжи: „Но, јас не бев среќна на начинот на кој ме тренираа да бидам среќна. Тоа беше среќа без туѓ придонес“.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....