17.8 C
Скопје
14:47 - 18 октомври, 2026

Тања Савиќ и Мухамед ќе прават две свадби: „Бившиот на пејачката дивее, ќе пукне од мака!“

Пејачката Тања Савиќ и Мухамед Муки Бешиќ веќе го договориле датумот на венчавката, но засега тоа го кријат од јавноста, тврдат српските медиуми. Згодниот пилот повеќе не се дели од Тања, цело време го поминуваат заедно, некогаш на службени патувања, некогаш во Смедерево, а целото нејзино семејство е воодушевено од нивниот иден зет.

-Биља и нејзиниот брат Томица многу го засакаа Мухамед. Гледаат колку е скромен, добар и паметен и колку ја сака Тања. Мама Живана и тато Станиша сега се опуштија. Навистина им олесна кога се уверија дека тоа е вистинска љубов. Најмногу се плашеа како ќе реагираат момците, но Максим и Ѓорѓе од старт го прифатија Муки. Навистина им недостига татковска фигура, а тој знае како да им пријде, полн е со топлина и љубов, плус момците се воодушевени што лета со авион и што ќе им покаже како тоа функционира – започнува изворот и додава:

– Веќе на никој од нив не им е грижа што Душан ќе направи. Тања објави и семејна слика на која се таа и Муки со децата, Билја и Томица. Слушнав дека Душан дивее, не знае што да направи од мака, но нема веќе начини тоа да го спречи. Тој полудува зашто кога Тања ќе се омажи за американски државјанин нема веќе да може да ја гњави како до сега – истакнува изворот за српски Свет и додава дека парот наскоро ќе ги објави датумите на двете венчавки, зашто свадба ќе се прави и во Србија и во Америка.

Потсетуваме дека Тања Савиќ и Душан Јованчевиќ се разделија пред три години, а Тања долг период минуваше низ вистинска драма, откако Душан се обиде да ѝ ги одземе децата. Сега децата живеат со Тања, но Душан, како што пишуваа српските медиуми, не ѝ давал мир и цело време ги следи нејзините чекори за да ја „улови“ во грешка и да ја пријави во Австралискиот центар за грижа на деца.

На почетокот на годинава, пејачката во едно интервју раскажа низ каков пекол минувала, дека Душан ја конролирал и дека станала негова марионета, а во мај годинава поранешниот сопруг на Тања конечно си најде девојка, но не се помири со новата љубов на Тања – пилотот кој е 11 години помлад од пејачката.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....