12:08 - 29 ноември, 2026

Сузана Манчиќ ги откажа сите празнични планови: Поради болест ќе ги мине празниците скромно

Водителката Сузана Манчиќ откри дека ѝ пропаднале сите планови за новогодишните и празничните денови поради здравствени и семејни причини.

Наместо планираните прослави, таа одлучила празниците да ги помине во мирна и скромна атмосфера, заедно со сопругот Симон, на планина во Грција.

„Што се однесува до празниците, сите желби ми пропаднаа. Сè што планиравме се одложи поради семејни работи и болест. Сепак, ќе бидам во Грција. Скромно, во најтесен круг, на нашата планина. Можеби ќе сретнеме и некој кентаур“, изјави Сузана за емисијата „Хајп“.

Иако често престојува во Грција, Манчиќ истакнува дека не размислува за трајно преселување, бидејќи, како што вели, нејзините корени се во Србија.

„Тешко е корените да се пресадат во овие години. Да бев помлада, можеби ќе живеев таму. Но ова е мојата земја, а Белград е мојот град. Во Атина одам веќе 20 години, таму имам пријатели, го имам мојот сопруг, мојата љубов. Ќе продолжам да живеам на релација Атина–Белград, а авио-компаниите уште долго ќе имаат корист од мене“, изјави таа во емисијата „Кец на единаесет“.

Инаку, сопругот на Сузана Манчиќ завршил право и економија на Универзитетот во Атина, а работел и како експерт за комерцијала во американската амбасада во грчката престолнина.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....