12:08 - 29 ноември, 2026

Сузана Манчиќ е мета на критики: Направила хаос во сообраќајот, скапиот џип го паркирала среде тротоар

Сузана Манчиќ повторно го привлече вниманието на минувачите за време на шопинг во поширокиот центар на Белград, кога го остави својот луксузен автомобил на тротоарот во една од најпрометните области.

Според очевидци, џипот со висок сјај, кој веднаш привлече внимание, бил паркиран на место кое било јасно означено како забрането за запирање и паркирање. Иако тротоарот е наменет за пешаци, возилото зафаќало значителен дел од преминот.

„Не можевме да веруваме. Таа само застана, го заклучи автомобилот и отиде во бутикот како сè да е сосема нормално“, рекол еден минувач кој бил на местото на настанот, оставајќи коментар на мрежата Икс.

„Не е првпат да гледаме вакви ситуации, но сепак очекуваме јавните личности да ги почитуваат правилата“, рекол друг.

Иако се шпекулира дека паркирањето траело повеќе од половина час, општинската служба, според сведоштва, не реагирала, што предизвика дополнителни коментари меѓу присутните.

„Некој од нас да го направеше ова, казната веќе ќе беше залепена на шофершајбната“, напишал еден корисник на социјалните мрежи кој ги следи настаните поврзани со познати личности, а пренесува „Курир“.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....