24.8 C
Скопје
10:27 - 10 септември, 2026

Среде дискусија за Косово, српски пратеник гледал порно: Кој е Звонимир Стевиќ, порнопратеникот кој мораше да поднесе оставка

Две ставки од неговата биографија прават тоа што го направи да изгледа уште пошокантно.

Пратеникот Звонимир Стевиќ (66), за кој корисниците на Твитер тврдат дека гледал експлицитна порнографска содржина во Народното собрание за време на расправата за Косово и Метохија, е член на собраниската Комисија за Косово и Метохија, како и заменик член на Комисијата за уставни работи и законодавство, и заменик член на Комисијата за управно буџетски и мандатно-имунитетни прашања.

Тоа што тој е член на Одборот за Косово и дека местото на живеење му е Приштина го прави неговиот потег уште пошокантен. Зашто, имајќи го тоа предвид, одговорноста на Стевиќ е уште поголема што ги потхранувал своите „основни инстинкти“ среде дискусијата за косовското прашање и европскиот план за преговори меѓу Белград и Приштина.

Стевиќ покрај другите функции е и пратеник во пратеничката група на СПС во парламентот, а најстрашно од се е што е и претседател на покраинскиот комитет на социјалистите за КиМ!

По немилиот настан за кој има и видео запис, Стевиќ дал оставка.

„Дадов оставка на местото пратеник пред половина час. Не можам сега повеќе да зборувам, јавете се за два часа“, кажал Стевиќ за Блиц.

Но, страшно е и тоа што оставката не ја поднел на своја иницијатива туку бил притиснат од шефот на партијата, Ивица Дачиќ  кој се согласил дека станува забор за скандал.

„Ова е скандал и баш катастрофа. Звонко, реално е да поднесеш оставка. Не можеш повеќе да останеш пратеник бидејќи со ова и ти не можеш да се носиш. Второ, каде и да се појавиш, што и да кажеш, секогаш ќе бидеш порнопратеник“, кажал Дачиќ.

 

Слични објави

Експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок

Еспресо

Порасна синот на Весна Петрушевска – се огласи Кирил по шест години живот во Америка

Еспресо

Дневен хороскоп за 10 септември: Бидете искрени во разговорот со важна личност

apostolova

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо
Се вчитува....