15:01 - 9 ноември, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дали знаете што е козметичка стоматологија 

Козметичката стоматологија е гранка во стоматологијата која се однесува на подобрување на изгледот и естетиката на насмевката. Се фокусира на корекција на забните несовршености, како што се бојата, обликот, големината и исправувањето на забите.

Со третмани како порцелански фасети, белеење и реконструкција на заби, се постигнуваат естетски трансформации кои ја подигнуваат самодовербата и ја персонализираат убавината на насмевката на квалитетен начин.

Какви третмани опфаќа козметичката стоматологија

Опфаќа серија третмани наменети да ја подобрат естетиката на насмевката:

  • Белеење на заби – влијае на бојата и ги елиминира дамките на забите, подобрувајќи ја нивната белина и сјај.
  • Реконструкција на забите – ги поправа и обновува оштетените или истрошените заби, подобрувајќи ја нивната функционалност и естетика.
  • Ламинати – тоа се тенки слоеви кои се лепат на предната површина на забите за да ја поправат формата, бојата и положбата.

Како се изведува?

Козметичкиот стоматолошки третман започнува со консултација, каде што се проценува состојбата на секој индивидуа/пациент. За време на оваа консултација, се дискутираат естетските пробеми и цели на пациентот. Потоа, ќе се изврши комплетен стоматолошки преглед, кој може да вклучува рентген и дигитално скенирање за да се оцени оралното здравје и да се одреди соодветниот план за лекување/третман.

Откако ќе се воспостави планот за лекување, се вршат специфичните стоматолошки козметички процедури. Тие може да вклучуваат белење на заби, поставување на порцелански фасети, забни импланти или други третмани прилагодени на потребите на пациентот.

Доколку сте заинтересирани да го подобрите изгледот на вашата насмевка, ви препорачуваме да закажете консултација кај стоматолозит од клиниката „Жан Митрев“ на телефоните 072 267 064 или 02 3091 484 и да го добиете  решението кое долго го чекате.

 

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....