22:53 - 29 ноември, 2026

Бора Ѓорѓевиќ е во критична состојба, најнови информации за славниот рокер

Музичарот Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, веќе неколку дена е во тешка состојба во Клиничкиот болнички центар во Љубљана.

– За жал, состојбата е сѐ уште критична, Бора се наоѓа на одделението за интензивна нега – изјави за српски „Курир“ новинар од местото на настанот.

– Нема многу нови информации, но сите се надеваат на подобар исход.

– Сопругата не се јавува и е надвор од очите на јавноста, што е сосема разбирливо во оваа ситуација – рекол понатаму новинарот од местото на настанот.

Да потсетиме, легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ е приклучен на респиратор во Клиничкиот центар во Словенија. Многумина му испраќаат поддршка на легендарниот рокер за брзо закрепнување, а медиумите во Словенија известуваат за неговата состојба.

– Трет ден исто. Интубиран. Во болница. Нема промени – рекол Бане, кој вчера го посетил Бора со неговата сопруга Дубравка.

Инаку, за српските медиуми се огласи и блискиот пријател на Бора, Гале од групата „Кербер“, кој откри дека се слушнал со Бане Обрадовиќ, менаџерот на групата „Рибља чорба“.

Бора Ѓорѓевиќ во последните години живее повлечено во Словенија, каде што ја стекна почитта кај локалното население.

– Овде луѓето го сакаат и почитуваат, живее мирно и тивко – рекле соседите на рокерот.

 

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....