06:27 - 28 ноември, 2026

Слаткар прослави посебен датум: Да е жив и здрав уште многу години!

Марко Маринковиќ – Слаткаристика вчера прослави посебен јубилеј за кој објави на социјалните мрежи.

Поминаа точно 17 години од објавувањето на неговиот култен деби-албум „Слаткаристика Будало“, проект го направи ѕвезда во хип-хоп музиката.

По тој повод, раперот сподели емотивна објава на социјалните мрежи, прикажувајќи ја легендарната обвивка на албумот каде што позира во својот препознатлив стил од почетоците.

„Денес ‘Slatkaristika Budalo’ полни 17 години. Да е жив и здрав уште мноооогу години“, напиша тој во описот на фотографијата. Она што го направи овој албум безвременски хит е и визијата на луѓето кои стоеја зад него. Во својата објава, Слаткаристика со почит ги означи и своите тогашни клучни соработници, неговиот брат Че и познатиот продуцент Јован Јованов, под чија етикета (Јованов рекордс) излезе ова историско издание.

Издаден во периодот кога македонскиот хип-хоп главно живееше во андерграундот, „Слаткаристика Будало“ успеа да ги скрши сите бариери и да влезе во мејнстримот. На 2 август, со концерт во Охрид, Слаткар ќе прослави 20 години кариера.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....