24.8 C
Скопје
10:13 - 26 мај, 2026

(Фото) 24 години љубов: Клаудија Шифер со емотивна приказна за сопругот

Германскиот супермодел Клаудија Шифер (55) на својот фејсбук-профил сподели емотивна приказна за својот сопруг, Сер Метју Вон.

Таа уште еднаш докажа дека вистинската љубов и добриот стил се безвременски. Со емотивна објава на социјалните мрежи, една од најпознатите икони на модната писта од 1990-тите години го одбележа својот 24-ти свадбен јубилеј со британскиот филмски режисер и продуцент.

Споделувајќи романтична архивска фотографија од нивниот прв свадбен танц, Шифер кратко напиша: „24-та годишнина од бракот денес!“

Кога Клаудија Шифер и Метју Вон застанаа пред олтарот на 25 мај 2002 година, светот беше фасциниран. По неколкугодишната бурна и медиумски експонирана врска со магионичарот Дејвид Коперфилд, Шифер го пронајде својот мир во Британецот.

Нивната свадба во 2002 се одржа во тајност, во црквата во Шимплинг, Сафок (Англија), во присуство на тесен круг пријатели од светскиот крем, меѓу кои беа режисерот Гај Ричи и тениската легенда Борис Бекер. Прославата потоа продолжи во нивниот раскошен имот Колдхем Хол, каде гостите уживаа во специјално селектирано мени во гламурозен шатор на отворено.

Како една од најголемите музи на најпознатите светски дизајнери, Клаудија во текот на својата кариера имаше облечено стотици невестински креации на пистите за Шанел, Ив Сен Лоран и Версаче. Сепак, за нејзиниот „голем ден“, честа му припадна на нејзиниот близок пријател, легендарниот Валентино Гаравани.

Креиран под директно раководство на Валентино, невестинскиот фустан на Клаудија, кој може да се види на фотографијата беше вистинско ремек-дело на високата мода. Изработен од дури четири различни видови рачно правена цветна чипка во слонова коска, фустанот се одликуваше со елегантно паднато деколте кое ги нагласуваше нејзините раменици, долги ракави и импресивен вел долг речиси пет метри. Самиот Валентино тогаш откри дека за време на пробите, кога ја видел Клаудија во фустанот, ѝ рекол: „Во сите овие години додека работиме заедно, никогаш не сум те видел да изгледаш олку блескаво.“

Денес, по 24 години заеднички живот, три деца (Каспар, Клементин и Козима) и низа професионални успеси, Клаудија Шифер и Метју Вон важат за еден од најстабилните, најдискретните и највпечатливите двојки во светот на глобалниот шоу-бизнис.

Слични објави

Слаткар прослави посебен датум: Да е жив и здрав уште многу години!

apostolova

Хороскоп за 26 мај: Биковите ќе се наполнат со пари, Водолиите ќе бидат изненадени од неочекуван повик

Еспресо

(Фото) Александар Белов го покажа домот во Крагуевац, интересни моменти со ќерката

msp-admin

На која поубаво ѝ стои? Северина и Нина Бадриќ во модна битка на моќни костуми

Т.Ц.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Весна Ѓогани за брачните проблеми: „И кај нас има денови кога врне дожд, не е сè идеално“

Е.А.
Се вчитува....