05:20 - 8 ноември, 2026

Убава причина за славење во семејството Црнокрак: Мики Црнокрак се пофали

Модниот менаџер Мики Црнокрак има голема причина за славење и среќа, а ги објави со фотографија на социјалните мрежи.

Како сопственик на модно студио „Црнокрак“, тој веќе со децении открива нови таленти и ја претставува Македонија на бројни интернационални избори за убавина.

Покрај професионалните успеси, Мики неодамна прослави уште еден личен јубилеј. Тој со насмевка на лицето и роденденска торта го одбележа својот 59-ти роденден, покажувајќи дека годините за него се само бројка и дека сè уште ја задржува препознатливата харизма.

Зад секој успешен маж стои силна жена, а во случајот на Мики, тоа е неговата сопруга Светлана Црнокрак. Светлана и Мики важат за еден од најубавите, но и најстабилните парови на македонската естрада. Тие се запознаа во деведесеттите години, токму преку манекенството, кога и двајцата ги чекореа своите први модни патеки.

Љубовта ја крунисаа со брак на 11 октомври 1997 година. Оттогаш, повеќе од 28 години, тие се неразделни партнери како во приватниот живот, така и во водењето на модното студио.

Од нивниот долгогодишен брак, Светлана и Мики имаат две ќерки кои целосно ги наследија убавината и шармот на нивните родители, но и нивниот талент за мода. По стара ќерка е Моника Црнокрак (26). Таа веќе има изградено сопствено име во светот на убавината. Неодамна учествуваше на престижни избори за убавина, а на почетокот на 2026 година постигна огромен успех во Либан, каде што се закити со титула на изборот за „Мис Европа“.

Нина Црнокрак (15) е помалата ќерка која исто така покажува голем потенцијал и веќе има искуство со избори за убавина. Во минатото ја има освоено и титулата „Little Miss Planet“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....