13:46 - 7 ноември, 2026

Сите трчаа по Северина во Велес, само еден човек успеа да ѝ се доближи

Сите трчаа и сакаа да ѝ се доближат на Северина на настапот на Велешка питијада, а само на еден човек од Скопје тоа му успеа.

Хрватската ѕвезда пееше на 11 октомври во Велес, на традиционалната манифестација Питијада и по она што е објавено по сторињата, на сликите и на видеата, фановите трчале кој прв да ѝ се доближи да се слика со неа.

Но, Северина има еден близок пријател во Македонија, а тоа е стилистот Александар Билјановски- Дадар. Тој ја шминкал Северина за овој настап, како и за претходните во Македонија и објавил заедничка слика.

Фото/ Инстаграм

Северина на концертот рече дека е бескрајно багодарна за одличниот прием и енергијата што публиката ја покажа и јасно им порача да ја чуваат Македонија.

Гостите на Фестивалот на питата и виното, како што е официјалниот наслов ги забавуваа Калиопи Бајага и „Инструктори“,   „2Бона“, „Кулу леле“, Пајак, Кате и Ѓоко Ѓорчев, Анета Љумаковска, „Либеро бенд“ и Викторија Лоба, како и велешката група „Соната“, и велешанецот Мики Секуловски.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....